четврток, 22. април 2021. Вести денес: 116
home Вести

НИКАДЕ ГИ НЕМА, НО ЗАЕВ ТВРДИ: Пристигнуваат вкупно 2,5 милиони вакцини- 800 илјади од Фајзер, 833 илјади преку КОВАКС, 400 илјади од Кина и 200 илјади од Русија

НИКАДЕ ГИ НЕМА, НО ЗАЕВ ТВРДИ: Пристигнуваат вкупно 2,5 милиони вакцини- 800 илјади од Фајзер, 833 илјади преку КОВАКС, 400 илјади од Кина и 200 илјади од Русија

Првите вакцини од Фајзер стигнуваат во првиот квартал односно до крајот на март, според договорот со компанијата. Преку сите постојни механизми, направено е се што е неопходно и договорени се вкупни количини до 2,5 милиони вакцини, изјави денеска премиерот Зоран Заев кој присуствуваше на почетокот на изградбта на далекуводот Штип – Овче Поле.

-Договорот од Фајзер стигна, во првиот квартал, тоа значи дека до крајот од март ќе ги добиеме првите 21.000 вакцини. Веќе имаме во вториот квартал поголеми количини. Не се работи за несериозност, заради тоа што единствена причини е недосттатокот на производство во делот на количини на вакцини за која било вакцина. Тоа е проблемот. Ние сме мала земја, сакам да го осигурам и му гарантирам на нашиот народ дека како Влада, како Министерство за здравство имаме направено повеќе од тоа што е доволно имајќи предвид дека ќе треба еден милион народ од прилика да се вакцинира за да ја постигнеме имунизацијата, за која би било потребно да има два милиона вакцини. Ние ако ги броите 800.000 Фајзер, 833.000 преку КОВАКС механизмот,  400.000 од Кина, 200.000 имаме нарачано од Русија, имаме дополнително од ЕУ согасно грантот од 70 милиони, донациите кои што дополнително ги најавија сите соседи стигаме до 2,5 милиони. Значи сме направиле исчекор повеќе за да ги фатиме сите механизми, сите алатки, да направиме договори, преддоговори, некаде дури и анекс да платиме се со конечна цел да преземе се што е неопходно. Јас верувам, како што реков пред некој ден, денови се во прашање, рече Заев на новинарско прашање во Штип.

Тој порача дека сите треба да се вакцинираат во државата, да се следат упатствата на МЗ, на Комисијата за заразни болести, на сите експерти затоа што вели, само на тој начин ќе ја совладаме пандемијата на Ковид – 19.

Коронавирус