вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 173
home Вести

СДСМ по нив со санкции, тие ни враќаат со хуманитарна помош

СДСМ по нив со санкции, тие ни враќаат со хуманитарна помош

Пред неполн час на скопскиот аеродром слета турски воен авион полн со хуманитарна помош, помош од турскиот народ и држава, помош пратена од Реџеп Таип Ердоган.

Хуманитарна помош од Турција пристигнува седум дена откако македонските власти решија да ѝ воведат санкции на Турција за нејзините сондажни операции во потрагата по природен гас во слободната економска зона (ЕЕЗ) на Република Кипар.

Интересно звучи, ние им воведуваме санкции, тие ни праќаат хуманитарна помош, полн авион!!!

Но да се вратиме малку во минатото, добиваме полни авиони со хуманитарна помош од Словенија, Унгарија и Турција, земји чии лидери, од Заев и СДСМ беа нарекувани диктатори, криминалци… А сега би го запрашале Заев, Димитров, Шекеринска… зошто примивте помош од “диктатори“? Зошто не ја вративте?

Ако до вчера бевте гласни во изјавите дека овие тројца се “диктатори“, денес без срам одите и се сликате со истите.

Христијан Мицкоски со телефонски повик успеа да добие два авиони хуманитарна помош, едниот од Словенија и Јанша, а другиот од Унгарија и Орбан. Денешната помош исто така можеме да ја препишеме на изминатото долгогодишно пријателство и комуникација која ја имаше предходната власт во Македонија со Турција.

Поранешниот претседател, Ѓорге Иванов, беше во неколку наврати гостин на турскиот претседател, Реџеп Тајп Ердоган, беше стекнато силно пријателство и соработка помеѓу двете држави.

Но, исто така се сеќаваме на каков начин беше пречекуван Иванов во Турција, со највисоки почести.

Турција со години наназад била наш голем сојузник, испраќала помош, соработката на турската и македонската армија е на највисоко ниво. А додека едни го зацврстуваа тоа пријателство, други максимално се вложија истото да го расипат.

Па така, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, турскиот претседател го смета за диктатор, но тоа не го спречило да оствари неколку средби со Ердоган од 17 мај 2017 година.

-Заев од мај 2017 во повеќе наврати имал средби, од кои една е официјална посета на Анкара, со човекот за кој тврди дека е диктатор, изјави Ердоган Сарач, во емисија која се емитува на Алфа телевизија.

Исто така во минатото се сеќаваме и дека беа навредувани сегашните лидери на Словенија и Унгарија, Јанез Јанша и Виктор Орбан, диктатори, криминалци беа нарекувани, ама тоа не ги спречи Заев, Шекеринска и Димитров да ја примат хуманитарната помош и да се сликаат со нив.

Старите рекле: Пријателите се познаваат кога ти е најтешко.

 

Ристе Здравков

Коронавирус