вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 187
home Вести

Ни шумите веќе не се македонски, туку национални: Прекрстено и ЈП Македонски шуми (ФОТО)

Ни шумите веќе не се македонски, туку национални: Прекрстено и ЈП Македонски шуми (ФОТО)

Со промената на името, владата ги задолжи и сите институции да извршат промена на досегашните имињата соодветна замена која ќе го содржи новото име Република Северна Македонија.

Дел од таа промена ја направи и Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и го промени своето име со ново кое гласи „Национални шуми“, со што целосно се брише зборот „македонски“ од оваа институција.

Но, освен „Македонски шуми“, своето име го промени и Акционерското друштво „Македонска информативна агенција“ во државна сопственост- Скопје, со ново име кое исто така се брише терминот „македонска“.

Новото име сега е Акционерско друштво „Национална информативна агенција“ во државна сопственост- Скопје.

Освен овие институции, владата задолжи вкупно 136 јавни институции кои во рок од 7 дена треба да го променат своето име.

Најнови вести

Коронавирус