сабота, 4. јули 2020. Вести денес: 22
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Што мисли Заев за Црвенковски и колку е Заев богат?

home Вести

НИ НА КРАЈ ПАМЕТ НЕМА ДА ПРЕТПОСТАВИТЕ: Еве колку скопски возила го напуштија главниот град и се упатија за Маврово, Охрид и Струга

НИ НА КРАЈ ПАМЕТ НЕМА ДА ПРЕТПОСТАВИТЕ: Еве колку скопски возила го напуштија главниот град и се упатија за Маврово, Охрид и Струга

На магистралните правци на гостиварското подрачје забележителен е зголемен интензитет на сообраќајот. Поголемиот број автомобили одат кон југот од земјава.

На последната наплатна рампа од автопатот „Мајка Тереза“ кај Гостивар изминативе два часа работат сите кабини за патарина и нема застои. Големите редици и колони од возила кои се создаваа на семафорот на еден од влезовите во Гостивар се намалија од пред еден час, откако беше исклучена регулацијата и се поминува на жолто светло.

Најголемиот дел од патниците беа во автомобили со скопски и тетовски ознаки. Во прашањата одговорија дека одат кон Маврово, Струга и Охрид, за да го избегнат полицискиот час.

Според првичните проценки на вработените на патарините, бројот на возила кои поминале на рампите, денеска бил неколкукратно зголемен и дека денеска во попладневите часови тој може да надмине десет илјади.

Парламентарни избори 2020