среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 214
home Вести

НИ ДОАЃААТ ТЕМПЕРАТУРИ И ДО НУЛАТА: Топлата облека можете да ја извадите уште денес, еве какво време најавува УХМР

НИ ДОАЃААТ ТЕМПЕРАТУРИ И ДО НУЛАТА: Топлата облека можете да ја извадите уште денес, еве какво време најавува УХМР

Времето утре ќе биде претпладне особено на север и на исток ќе биде променливо облачно, а ќе преовладува сончево време. Наутро ќе биде посвежо, а преку денот ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во петок времето ќе биде наутро студено, преку денот сончево и потопло со слаб до умерен северозападен ветер.

Во сабота времето ќе биде наутро студено, а преку денот сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Во недела времето ќе биде наутро свежо, преку денот сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.

Инаку УХМР за денес и утре објави дека времето ќе биде значително посвежо со умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец.

Од утре до сабота утринските температури ќе бидат многу ниски и на некои повисоки места ќе се спуштат и до 0 степени.

Локални избори 2021