петок, 4. декември 2020. Вести денес: 53
home Вести

НГИ „Коалиција на Египќани“: Му благодариме на лидерот Мицкоски што ги спомна Египќаните како посебен етникум на големиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ

НГИ „Коалиција на Египќани“: Му благодариме на лидерот Мицкоски што ги спомна Египќаните како посебен етникум на големиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ

НГИ „Коалиција на Египќани“ му се заблагодари на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски што ги спомна Египќаните како посебен етникум на големиот митинг вчера во Скопје.

-Дозволете ни, да му се заблагодариме на опозицискиот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, г дин Христијан Мицкоски, што на неговиот говор на големиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, ги спомна и Египќаните како посебен етникум. Тоа, за нас Египќаните, е голема вредност, бидејки е испратена порака дека и опозицијата има разбирање и подршка за етничката заедница на Египќаните. Испратена е јасна и недвосмислена порака, за еднаквост и фер шанса за сите граѓани во нашата заедничка држава Р.Македонија. Проф-Д-р Христијан Мицкоски повторно докажа дека е голем пријател на мојот народ Египќаните и тоа мојот народ многу ќе го почитува и соодветно ќе му возврати, во интерес на силна, напредна и праведна Македонија, истакна лидерот на НГИ ,,КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“, Демир Далип.

Коронавирус