понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 98
home Вести

НГИ Коалиција на Египќани: Бараме одложување на пописот за да не се случи етничко претопување на Египќаните

НГИ Коалиција на Египќани: Бараме одложување на пописот за да не се случи етничко претопување на Египќаните

Пописот, како најсложена статистичка операција, е многу повеќе од статистичка операција за Египќаните, бидејќи според нашите интерни сознанија, самиот попис, треба да биде објективен, кредибилен, со точно утврдена методологија, согласно принципите на ЕУРОСТАТ.

Демир Далип од Коалицијата на Египќани вели дека во Македонија има повеќе од 30.000 Египќани, како посебна автохтона и автентична етничка заедница.

-Попис кој би ги дал реалните показатели објективно не може да се спроведе во услови на пандемија со Ковид-19. Поради тоа бараме истиот да се одложи. Кредибилен, објективен и коректен попис ќе имаме ако имаме и Претседатели или Зам.Претседатели Египќани во пописните комисии, со попишувачи Египќани, а се со крајна цел, да се утврдат веродостојни податоци, очекувањата се дека е има над 30.000 Египќани, вели Далип.

Тој нагласува дека како етничка заедница се најмаргинализирана, најнеинтегрирана, и ова треба да го загрижи државниот врв, бидејќи сите меѓународни организации располагаат со овие податоци.

-Врз Египќаните со години се практикува ,, тивка асимилација и без никакви права принудени се да се декларираа како припадници на други етникуми. Јавна тајна е, дека користат Ромски стипендии, кога не можат како Египќани да користат стипендии наменети за ова етничка заедница. Дали е тоа демократски и фер??? Дефинитивно не е. Ако, има стипендии за средношколци и студенти Роми, зошто да нема за Египќаните, па да не ги ,,украдеме,, на нашите сограѓани Роми??? Пописот, очекувам да даде статистички податоци, како би се креирале политики, во интерес на сите грагани, интегрирачки и продуктивни. И, сосема на крај, очекувам пописот да даде сигнал да се официјализира Денот на Балканските Египќани, да имаме соодветна и правична застапеност во институциите на системот. Исто така очекуваме вработувања на Египќанци согласно Охридскиот Рамковниот Договор, каде нема ниту 1 деклариран, а вработен Египќанец/ка, што е крајно дискриминирачки истакна лидерот на НГИ Коалиција на Египќани Далип, кој додава дека Египќаните во последно време се притиснати, исплашени и принудени да заминат надвор од Македонија, наместо да создаваат, творат во сопствената татковина како своја и неотуѓива, што не доликува на држава која е членка на НАТО и кандидат за полноправен член на ЕУ, посочува тој.

Далип нагласува дека тоа не се европски вредности.

Коронавирус