среда, 15. јули 2020. Вести денес: 85
home Вести

Незири: Отворањето на темата за избори и калкулациите од страна на партиите на власт, направи денес да имаме повторно пик на корона

Незири: Отворањето на темата за избори и калкулациите од страна на партиите на власт, направи денес да имаме повторно пик на корона

Новинарот Џелал Незири смета дека отворањето на темата за датум за одржување на избори и калкулациите на партиите на власт, во однос на престојните избори, се главни причини за ова што сега го доживуваме со вирусот корона.

Тој во емисијата „ЕУ Клик“ на телевизија Тв21 тој истакна дека токму исполнувањето на желбите од страна на паотриите кои што се на власт, на граѓаните кои не веруваа во постоењето на вирусот и на оние кои што не сакаа постоење на рестриктивни мерки, направија денес да имаме повторен пик.

– Отворањето на темата за избори, отворањето на темата за датумот кога ќе се одржат изборите, отворањето на темата кога треба да се свика Парламентот, мислам дека ги разбуди различни интереси на патриите на власт кои започнаа со своите калкулации. Почнаа со калкулациите во смисла на исполнување на желбите на луѓето кои не го сваќаа ризикот на овој вирус, исполнување на желбите на луѓето кои што одбиваа да веруваат дека вирусот постои поради тоа што не сакаат да се вознемуруваат себе си и да си предизвикуваат страв и на тој начин ја менаџираат својата лична вознемиреност, или пак луѓе кои имаат различни мотиви и кои што не сакаат да бидат под карантин. И исполнувањето на овие желби од страна на партиите кои се на власт направи, денес на се вратиме повторно на некој вид пик или врв на кризата, рече Незири во однос на причините кои предизвикаа огромно зголемување на бројот на новозаразени од вирусот корона.

Тој додава дека до моментот кога изборите не беа беа тема, Македонија имаше добар тренд на намалување на бројот на ново заразени, но кога почна да се зборува за можниот датум за избори и кога политичките партии на власт почнаа со кампања, за да им се допаднат на граѓаните кои сакаа олеснување на рестриктивните мерките, тие донесоа одлики на нивно укинување.

– До моментот, кога датумот на изборите не беше тема, до моментот кога не беше тема повторното свикување на Собранието имавме една траекторија која беше во пад, имавме тренд на намалување на активните случаи со Ковид-19, и во тие моменти беше почетокот на кампањата, при што партиите на власт се обидоа да им се допаднат на граѓаните кои што бараа олеснување на мерките, констатираше Незири.