сабота, 17. ноември 2018. Вести денес: 65
home Вести

Независниот полициски синдикат бара МВР да ја признае неговата репрезентативност

Независниот полициски синдикат бара МВР да ја признае неговата репрезентативност

Независниот синдикат на полицијата бара Министерството за внатрешни работи да го земе предвид фактот дека по сила на закон овој синдикат, со над 2.500 членови е репрезентативен и да го вклучи во донесувањето на одлуките и актите кои ги засегаат правата на вработените во полицијата.

Репрезентативноста, како што посочи на денешната прес-конференција генералниот секретар на НСП Орце Коцевски, ја потврдила и Комисијата за репрезентативност со решение во кое ги известила дека репрезентативноста на ниво на работодавач се стекнува по сила на закон согласно член 212 став 5 од Законот за работни односи, односно со исполнување на овој услов.

– Со ова решение со кое се потврдува дека НСП по сила на закон е репрезентативен синдикат и веќе треба да ги има сите права и обврски од постоечкиот колективен договор на МВР, рече Коцевски.

Од Независниот синдикат на полицијата забележуваат дека и покрај минатомесечната средба со министерот Оливер Спасовски и тогашниот директор на БЈБ и договорот  за учество и на овој синдикат во социјалниот дијалог, нивните ветувања не се консултирани во изготвувањето на Листата на плата, но и оти не е информиран за постапката за систематизација на работните места во Министерството.