вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Независниот академски синдикат излезе со барања до Владата

Независниот академски синдикат излезе со барања до Владата

Независниот академски синдикат (НАкС) испрати реакција во врска со висината на платите во високото образование.

Нивната реакција ја пренесуваме во целост:

Пред околу две седмици Владата на РМ донесе одлука за зголемување на платите во секторот образование. И покрај оправданото незадоволство од висината на зголемувањето, НАкС топло ја поздравува одлуката на Владата за отпочнување на процесот на покачување на платите во овој сектор, клучен за развој на општеството. Сепак, истата се однесува само на основното и средното образование и, како и многу пати досега,  не ги опфаќа високото образование и науката.

Оттаму, со оваа РЕАКЦИЈА сакаме да го искажеме нашето долги години напластувано незадоволство од висината на буџетските средства за исплата на платите во секторот високо образование и наука, како и да апелираме до Владата на РМ да направи анализи со кои ќе согледа дека примањата на вработените во некои од јавните универзитети, единици во нивен состав и јавни научни установи со години наназад се на срамно, понижувачко и супстандардно ниво.

Поради тоа бараме Владата на РМ:веднаш да ги зголеми буџетските издвојувања за платите на вработените во јавните високообразовни и научни установи; да изнајде модус со кој ќе се елиминираат или, барем, ќе се  ублажат фрапантните разлики во примањата помеѓу професорите и истражувачите вработени на различни јавни високообразовни и научни установи, а, особено, на различни единици во нивен состав.

Притоа, НАкС е подготвен да понуди стручна помош при изнаоѓањето модалитети за справување со ваквата нееднаквост која, покрај социјалниот аспект, содржи елементи на неправедниост и креира тензии во секторот.