недела, 28. мај 2023. Вести денес: 7
home Вести

Незапаметено невреме со град во Преспа, голема штета на јаболката

Незапаметено невреме со град во Преспа, голема штета на јаболката

Силно невреме проследено со град денеска напладне ја зафати Преспа.

Најпогодени од невремето се селата Јанковец и Избишта. Според земјоделците, градот нанел голема штета на јаболката, чија берба е во полн ек.

Јаболкопроизводителите посочија дека штетата од градот ќе се утврди за неколку дена. Постарите преспанци велат дека не паметат досега град да паѓал во октомври.

МИА

Најнови вести