среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 140
home Вести

Незаинтересираноста на Филипче продолжува, бројот на нови случаи се зголемува, а од вакцините има само најава

Незаинтересираноста на Филипче продолжува, бројот на нови случаи се зголемува, а од вакцините има само најава

Незаинтересираноста на министерот за здравство, Венко Филипче и натаму продолжува. Надлежните бележат зголемен број на нови дијагностицирани случаи на Ковид-19, а од вакцините има само нова најава, но не и вакцини.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 25 до 31 јануари тестирани се вкупно 13.742 лица на корона вирусот, што преставува зголемување од 24,5 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.036 нови позитивни случаи од 33 градови во државата што, во однос на минатата недела, претставува зголемување од 17,9 отсто. Освен ова, почна да се зголемува и бројот на хоспитализирани лица со компликации од корона вирусот.

Освен бомбастична најава дека антиковид вакцините преку Ковакс механизмот ќе пристигнат во март месец, ништо друго конкретно не превземаат здравствените власти. Иако во март месец се најаву нов бран, во кој доминантен ќе биде новиот британски сој, властите сеуште не знаат од каде е дојден вирусот, кај колку лица е дијагностициран. Според истражувањата овој тип на вирус многу брзо се шири, а смртноста е поголема за 35 отсто.

И на вакви прогнози, нема никакви конкретни мерки кои се преземаат. Министерот Филипче, за разлика од почетокот на пандемијата кога секој ден држеше неколку часовни пресови, сега речиси да го нема во јавноста.

И додека сите земји од регионот сериозно се ангажирани за обезбедување вакцини за имунизација на нивното население како единствен долготраен начин за спречување на ширењето на вирусот, од кај има само најави. Иако цела македонска јавност очекуваше да пристигнат првите дози од Фајзер, вчера министерството за здравство соопшти дека наредниот месец ќе пристигнат првите вакцини од АстраЗенека.

А, овие вакцини немаат степен на ефикасност како останатите и Франција не ги препорачува за лица постари од 65 години. Со оваа фармацевстка компанија не соработува ниту Европската унија. Додека пак пред некој ден, премиерот на Албанија Еди Рама, на новинарско прашање зошто не порачува вакцини од АстраЗенека, одговори дека нема да набавува вакцини од нив се додека Европската унија не почне со нив да соработува. Е, тие се тие вакцини кои се најавија дека први ќе стигнат кај нас.

Покрај вчерашната бомбастична најава за вакцини од наредниот месец, истото власта го направи и со лекот Ивермектин. На социјалната мрежа Фејсбук пред месец дена, министерот Филипче уште во утринските часови извести дека лекот го има во аптеките, а лекот едвај можеше да се најде само во некои големи ланци аптеки во Скопје. Граѓани, на кои лекот и е потребен, се жалат дека Ивермектин сеуште нема во македонските аптеки.

И сега се поставува прашањето, ќе ги најде ли неподготвени здравствените власти и новиот бран на корона вирус кој се најавува за март месец? Бидејќи и досегашните два брана, од кои вториот се најавуваше, ги затече неподготвени, при што за време на есенските месеци здравствениот систем беше доведен до крахирање. Болниците беа преполни, врски се фаќаа за да обезбеди кревет во јавните здравствени установи, болниците имаа недостаток од кислород а и од медицински кадар.

ЕУРО 2020

Македонија