сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 71
home Вести

Незадоволните стоматолози најавија протест за два дена

Незадоволните стоматолози најавија протест за два дена

Министерот за здравство Филипче се фали дека откако ја зголеми капитацијата веќе има задоволни лекари. Стоматолозите, кои сега ќе добијат 8 денари повеќе по пациент, преку своето Здружение ги нагласуват другите свои барања, а најавија и протест за два дена.

„Нашите проценки и нашите анализи покажуваат дека вкупните финансиски барања на еден стоматолошки тим во државата се околу 90 илјади денари и тоа е нашето прво и основно барање. Значи секој тим од примарната стоматолошка дејност треба да добива фиксни 90 илјади денари, а специјалистичките тимови бараме да добијат 150 илјади денари и бараме промена на финансискиот модел бидејќи сегашниот модел на капитација и на партиципација веќе е неодржлив. Ако така продолжиме ќе дојде до затворање на голем број на приватни стоматолошки ординации, а понатаму и голем одлив на кадар во странство, вели Жарко Ѓорѓиев – Претседател на ЗПЗСУ

Стоматолозите уште пред една недела закажаа протест пред Министерството за здравство за на шести ноември напладне. Со слоганот „Да ја вратиме насмевката на стоматолозите“ да ги покажат барањата коишто ги имаат, а коишто се главно финансиски.

Коронавирус