среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 20
home Вести

Невработеноста во Брегалничкиот регион се претвара во агонија, бројките се катастрофални и на ниво на држава

Невработеноста во Брегалничкиот регион се претвара во агонија, бројките се катастрофални и на ниво на држава

Во последните 11 месеци драстично е зголемена бројката на невработени граѓани во општините во Брегалничкиот регион. Животниот стандард на граѓаните покрај Брегалница преминува во животна агонија, а претставниците на власта не чувствуваат никаква одговорност за оваа катастрофална состојба и бараат виновни насекаде наоколу освен кај нив самите, пишува порталот Брегалнички.

Според податоците на Агенцијата за вработување на Република Македонија бројопт на невработени во Штип во последните 11 месеци се зголемил за 1969 лица. Оваа бројка во Кочани изнесува 1104 нови невработени лица од нова година до денес, во Делчево во последните 11 месеци бројот на невработени се зголемил за 558 нови невработени лица и во Виница што важеше за општина со многу мал број на невработеност бројот на нови невработени лица во послединте 11 месеци изнесува 470 лица.

Ситуацијата е алармантна и во Берово, Пробиштип, Македонска Каменица и останатите помали општини.

Овој масовен егзотуз врз Македонските граѓани во однос на животниот стандард се пресликува несекаде низ државата.

Така на ниво на држава според официјалните податоци на Агенцијата за вработување има 52.051 нови невработени лица.

Оваа неподнослива состојба во Македонија е реален факт а граѓаните не гледаат излез од ваквата безизлезна ситуација.

Извор: Брегалнички.мк

Коронавирус