сабота, 15. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Невиден очај и нерегуларности за време на молк – Градоначалници и криминални структури агитираат на терен!

Невиден очај и нерегуларности за време на молк – Градоначалници и криминални структури агитираат на терен!

Изборните нерегуларности од страна на одредени политички партии продолжи и во текот на денешниот ден. За време на молкот, јавноста беше сведок на низа нерегуларности од страна на една партија, за што по истите постапи и МВР, а за некои од лицата кои учествуваа во поткупи на гласови побарано е и притвор.

Владејачка партија од македонскиот блок го крши предизборниот молк преку разни обиди за поткуп на гласачи и сценарија со кои ќе се влијае врз изборниот резултат на предвремените парламентарни избори закажани за во среда.

Претходно дел од активистите се приведени откако на дело се фатени како се обидуваат да поткупат гласачи, додека полицијата активно работи да спречи понатамошни обиди да се влијае врз гласачите слободно и без притисоци да го дадат својот глас.

Денеска на прес-конференција и министерот за внатешни работи Наќе Чулев предупреди дека МВР ќе постапува согласно законот.

-МВР ќе биде бескомпромисно, доследно, крајно одговорно со никаква толеранција кон какви и да се евентуални обиди за попречување на граѓанското право за слободно изразување на политичката волја. Секое постапување кое е во спротивност со законот ќе биде соодветно санкционирано, а казните за кривичните дела против изборите се движат до 10 години затвор, истакна на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Но и покрај сите апели на надлежните, нерегуларните активности од страна на активисти на една владејачка партија продолжуваат и во текот на денешниот ден.

Според информациите од терен масовно се агитира за време, се врши поткуп во ромски мала во Ѓорче Петров и Шуто Оризари. За во доцните часови за време на изборен молк градоначалници од една владејачка партија агитираат на терен, асвалтираат улички… Во некои населени места како Сингелиќ, Чучер Сандево, во струмичко и други места во доцните ноќни часови агитираат и криминални структури до политичката партија.

Инаку, како за потсетување, МВР веќе лиши од слобода неколку лица за обид за поткуп, а за некои локални функционери е побаран дури и притвор.

Коронавирус