петок, 25. септември 2020. Вести денес: 108
home Вести

НЕВИДЕН НЕПОТИЗАМ: Невенчаната сопруга на Дудуш е претседателка на Советот на општината со која тој раководи

НЕВИДЕН НЕПОТИЗАМ: Невенчаната сопруга на Дудуш е претседателка на Советот на општината со која тој раководи

Невенчаната сопруга на градоначалникот на скопско Шуто Оризари Курто Дудуш, Фатима Османовска, е претседателка на Советот на општината. Таа ја добила функцијата откако во декември лани бил разрешен Ѓеѓе Демировски кој беше и носител на листата на СДСМ за локалните избори, објави порталот Плусинфо.

Демировски останал само советник, но ни таа функција не ја задржал долго бидејќи и од неа бил разрешен. На негово место како советничка во Советот на Шуто Оризари влегла следната кандидатка од листата односно Сунита Сали чиј сопруг, Измир Сали, исто така, е советник.

Ваквите промени во составот на општинскиот совет кои се случиле за нецели шест месеци по промената на локалната власт ги потврдува и Демировски.

– Јас сум член на Социјалдемократскиот сојуз, за ова не е виновен ниту претседателот Зоран Заев ниту централната власт која ја поддржувам за разлика од локалната. Не го поддржувам криминалот и митото кое се зема во општината и затоа бев повлечен – вели Демировски за Плусинфо додавајќи дека тој бил еден од клучните луѓе кои ја донеле победата на СДСМ во неговата општина.

Како што вели тој, од претседател бил разрешен зашто не сакал да даде поддршка за некои одлуки кои локалната власт сакала да ги донесе. Како кулминација на нетрпеливоста кон него внатре во Советот непосредно пред разрешувањето од претседател, тој го потенцира тоа што бил против да се даде дворно место од амбулантата во Шуто Оризари за таму да никне нова градба.

Коронавирус