вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Невакцинирани деца нема да бидат примени во градинка ниту кога епидемијата на морбили ќе заврши

Невакцинирани деца нема да бидат примени во градинка ниту кога епидемијата на морбили ќе заврши

Децата кои не се вакцинирани, нема да се примаат во градинка дури и да заврши епидемијата на морбили.

При уписот, родителите мора да приложат уреден вакцинален картон. Доколку во него не е наведено дека детето примило МРП вакцина, нема да може да посетува градинка, без разлика дали веќе е запишано (пред епидемијата) или од почеток треба да се запишува.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, вели дека како Влада ќе продолжат да го почитуваат законското решение пред се за здравјето на децата.

-За да можеме да ги заштитиме сите деца важно е тие да се вакцинирани и тоа е светска пракса и сметам дека треба да продолжи. Ние како Влада само ги почитуваме законите кои се многу години пред нас донесени, истакна Царовска.