петок, 29. јули 2022. Вести денес: 0
home Вести

Неуспешната работа на Шекеринска, ја спушти Македонската армија на 133-тото место во светот според квалитетот

Неуспешната работа на Шекеринска, ја спушти Македонската армија на 133-тото место во светот според квалитетот

Конечно после сите скандали и афери во Македонската армија, дојде признанието за неуспешната работа на министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Глобал фајерпавер (Global firepower) ја рангираше АРМ, од вкупно 139 армии во светот, на 133-тото место. Тоа е пад од седум места во споредба со минатата година.

-Вакво рангирање е недозволиво за земја членка на НАТО и за земја која сака да застане „рамо до рамо“ со сојузниците во НАТО. Министерката за одбрана и целата Влада ја убедуваа јавноста дека “блескаме”, а нашите рејтинзи иако сме членка на НАТО, постојано опаѓаат и се се полоши и полоши, вели универзитетскиот професор Александар Нацев.

Овој индекс, покрај други параметри се формира и според бројот на активен персонал во Армијата и бројот на резервен персонал. Затоа ВМРО-ДПМНЕ апелираше дека негрижата и запоставеноста на АРМ доведе до тоа голем број на професионални војници да ја напуштаат армијата во потрага во подобар живот. A последниот конкурс за прием на професионални војници имаше минимален интерес па мораше да ги спуштат критериумите за примање на нови кандидати.

-Шекеринска не само што не ги исполни ветувањата, туку го наруши безбедносниот систем на Република Македонија. Министерката за одбрана не го спомнува одливот на професионални војници и старешини кои не сакаат повеќе да се дел од Армијата, затоа што состојбата во војската е загрижувачка за земја членка на НАТО, пишува во сооптението на ВМРО-ДПМНЕ.

Глобал фајерпавер (Global firepower) врши анализи и врз воздухоплоството, колку авиони и хеликоптери има Армијата и колку од нив се борбени, тренажни и така натака. И во овој дел министерката за одбрана потфрли, со тоа што таа го уништи Тенковскиот батаљон, Воздухопловната бригада и Полкот за специјални единици.

Покрај овие работи кои се од воен аспект, ова министерство го потресоа многу афери, се трошеа пари на апетисани и лични задоволства. Требаше да поминат 10 месеци за Шекеринска да спроведе реформи во АРМ и да започне постапка за набавка за нови униформи за професионалните војници.

Јавноста беше сведок и на скандалозна набавка на мазут од страна на Министерството за одбрана од фирма која воопшто не поседува лиценца за продажба на мазут. Од министерството тогаш не дадоа одговори како оваа фирма воопшто учествувала и како го добила тендерот. Па, касарните среде зима останаа без греење, а војниците смрзнуваа во најладните денови.

Коронавирус