вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 110
home Вести

Нетпрес: Сведокот Ацо Ангеловски го урна обвинението за Чавков

Нетпрес: Сведокот Ацо Ангеловски го урна обвинението за Чавков

Вчерашното рочиште за настаните во Собранието од ланскиот 27-ми април во Кривичниот суд Скопје мина во сведочењато на полициските службеници, при што беше впечатлива изјавата на Ацо Ангеловски, тогашно обезбедување на Оливер Спасовски кој истрела куршум од службеното оружје и со натамошното сведочење всушност го поби обвинението за поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков тогашен директор на Бирото за јавна безбедност, пренесува Нетпрес.

Во продолжение целата анализа на Нетпрес:

Првот сведок, Ацо Ангеловски, кој тогаш го обезбедувал Оливер Спасовски, актуелниот министер за внатрешни работи, меѓу другото рече дека во Сала 3 од Собранието, за да ја спречи масата да продолжи со, како што кажа, насилствата ги повикал да отстапат и веднаш потоа испукал во воздух еден куршум.

„Не ми требаше наредба од никого, затоа што го спроведував Законот за полиција, според кој не е потребна посебна наредба за реакција на полицијата“, рече Ангеловски.

Додаде дека кратко по пукањето слушнал силна експлозија и влегле припадници на специјалните единици кои ја разбиле масата луѓе, направиле коридор и ги извлекле од Сала 3, по што биле однесени во канцеларијата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.

„Полициските службеници кои беа во Сала 3, а не преземаа мерки, ги познавам и на дел од нив сум бил инструкто. По настаните од кога помина одредено време се видов со некои од нив и разговаравме за непреземањето на мерки. Само рекоа дека е од незнаење и неискуство…“, додаде Ангеловски.

Александра Крстановска, којашто тој ден била на пријавницата во парламентот, сведочеше дека двајца припадници на УБК се легитимирале и кажале дека треба да влезат во мониторинг салата, како што рекле, да ја следат евакуацијата на пратениците од Собранието, и истакна дека комуницирала со старешини од собраниското обезбедување, но никогаш немала никаков однос и контакт со директорот на БЈБ, Митко Чавков.

Останатите двајца сведоци покрај описот на случувањата во Собранието, сведочеа за енергична акција со употреба на шок-бомби на 50-ина припадници на специјалните единици за зашитата, евакуација и воспоставување на состојбата во Собранието на Република Македонија.

Ацо Ангеловски, всушност, при сведочењето се повика на Законот за полиција истакнувајќи дека не е потребна посебна наредба од старешина во такви услови и посебно се повика на член 89 став 5 од Законот за полиција.

Според тоа, се поставува прашањето како може да биде гонет Чавков за командна одговорност, дека не издал наредба, кога полициските службеници дејствувале без наредба и по слободна проценка?

За примена на овластувања согласно Законот за полиција, имено, не е потребна посебна наредба, освен во случај на примена на посебни видови оружје и експлозивни средства за растурање на маса, која наредба ја издава директорот на полицијата.

Во членот 88 од споменатиот закон во врска со употреба на хемиски средства, меѓу другото е наведено и дека „… во случаи на воспоставување на нарушен јавен ред и мир во поголем обем, како и заради извлекување на лица од затворен простор или заради решавање заложничка ситуација, при што не смее да се загрози животот и здравјето на граѓаните“. Во следниот член 89, пак, се наведува дека „Полициски службеник е овластен да употреби огенено оружје кога тоа е апсолутно неопходно и кога со употреба на другите средства за присилба полициските работи не можат да бидат извршени“.

ИЗВОР

Коронавирус