вторник, 19. ноември 2019. Вести денес: 52
home Вести

Нетпрес: Сите „Алфи“ на рапорт во МВР, исчезнало оружје

Нетпрес: Сите „Алфи“ на рапорт во МВР, исчезнало оружје

Автоматска пушка исчезнала од арсеналот на оружје на полициската единица за борба со уличниот криминал „Алфи“ дознава НетПрес.

Според информацијата во моментот се повикани сите припадници на оваа единица на рапорт во Министерството за внатрешни работи за да се пронајде оружјето, пишува порталот.

„Алфите“ имаат статус на посебна единица за прв одговор и интервенција во рамки на Секторот за внатрешни работи Скопје, поради што овластувањата важат исклучиво на територијата на Град Скопје.