среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 30
home Вести

Нетпрес: Поранешни политичари масакрирале дивеч во Јасен

Надвор од ловната сезона отстрелани 57 диви свињи.
Нетпрес: Поранешни политичари масакрирале дивеч во Јасен
Нетпрес

Во саботата на 31. март, за само неколку часа се отстрелани 57 диви свињи, од кои 21 трофејна, иако ловот на крупен дивеч во ловиштето „Јасен“ завршува  заклучно со 31. јануари.

Дел од ловџискиот тим за „масакр“  биле и Хари Костов (поранешен премиер  и министер во МВР), Нано Ружин (поранешен амбасадор) и Бранко  Бојчевски (поранешен директор на Бирото за јавна безбедност). За своето задоволство групата ловџии платиле само 2400 евра, пишува порталот Нетпрес.

Порталот пишува дека „Јасен” управува со 32 000 хектари ловиште и затворено ловиште од над 6000 хектари. Ловџии од САД и Русија, а во последно време и од европските земји, се чести гости во ловиштето.

Поради големиот интерес на ловџии од странство, македонските државни ловишта во последните три години се најпосетени на Балканот.

Ловот во Јасен се спроведува исклучиво врз основ на годишни договори со лиценцирани тур-оператори од светот. Во договорите се дадени ловни пакети за определени видови на дивеч и термини кога ловот ќе може да се реализира.

Најмалата трофејна вредност што се плаќа во Јасен е 400 евра за отстрел на дива свиња, но нејзин максимум е околу 6.500 евра во зависност од трофејната вредност на уловениот дивеч. Цената за лов на дива коза е од 2.500 до 4.000 евра. Најскап е ловот на еленот – цените се движат од 1.500 до 17.000 евра.

Со склучување на договорот на ловецот му се обезбедени таксите за влез во државата, формалностите околу ловното оружје, транспортот до ловниот дом и назад, сместување како и животно осигурување кое секој посетител на Јасен автоматски го добива.

Коронавирус