понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 52
home Вести

Нетпрес: По „Тигрите“ прераспоредени и инспектори за соработка со Интерпол и НАТО

Нетпрес: По „Тигрите“ прераспоредени и инспектори за соработка со Интерпол и НАТО

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски продолжува со чистки во МВР, па последни во низата деградирани полицајци се половина инспектори од канцеларијата на Интерпол и НАТО одделенијата кои се разрешени, пишува Нетпрес.

Тројца припадници на одделението за соработка со Интерпол и двајца од Одделението за соработка со НАТО и класифицирани информации се прераспоредени по налог на Оливер Спасовски. Дел од полицајците одбиле под присила да потпишат изјави за нивна смена, па со полициски местенки се упатени на дисциплинска одговорност, додека, пак останатите директно по налог на Спасовски, наведува порталот.

Со каков капацитет ќе одговори МВР на заложбите за примена на ригорозните стандарди за управување со класифицирани информации при влез на Македонија во НАТО ако долгогодишни професионалци на брутален начин се исфрлени од ова полициско одделение? Десетина барани криминалци се доведени во Македонија и пред лицето на правдата преку активната посветеност на инспекторите од Интерпол кои сега Спасовски ги трга од своите работни места.

Систематското уништување на секој со изграден углед во меѓународната полициска заедница е одлика на Спасовски и неговите пајташи бидејќи самите се неспособни, без познавање на странски јазици и резултати во своето работење. Сите сменети инспектори и началници треба да знаат дека неправдата ќе им биде исправена и со гордо крената глава ќе имаат можност да даваат повторно придонес за Македонија.

Како што Нетпрес пишуваше завчера шест партиски активисти на ДУИ се распоредени како виши и главни инспектори за борба против организиран и сериозен криминал во МВР, и досега никогаш не работеле на било кое место во јавната администрација. Трагедијата да е поголема е што Спасовски на овие лица им потпшал решенија за виши и главни инспектори но истовремено приправници.

Истовремено 30-ина припадници на Единицата за специјални задачи беа распоредени во Единицата за службени кучиња.

МВР вчера со реакција се обиде да ги демантира последниве случувања со коментар дека станува збор за  сензационалистички шпекулации, но потврди дека во сите организациони единици при МВР тековно и врз основа на потребите и проценките за извршување на работните задачи од надлежност на Министерството, се спроведува распоредување на вработени, а сето тоа строго согласно постапката утврдена во Законот за внатрешни работи и другите позитивни подзаконски акти и правилници.

Коронавирус