сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 90
home Вести

„Нетпрес“: Манчевски нова жртва на пресметката меѓу струмичкото и скопското крило, односно Заев и Шекеринска

„Нетпрес“: Манчевски нова жртва на пресметката меѓу струмичкото и скопското крило, односно Заев и Шекеринска

Што се случува во СДСМ е прво логичко прашање кое се поставува по изненадното повлекување на Дамјан Манчевски од политиката?!

Поранешниот министер за информатичко општество и администрација преку Фејсбук најави дека се повлекува од политиката и дека прифатил ангажман во приватниот сектор каде неспојливо е да биде и политички ангажиран.

„Како резултат на оваа одлука, покрај тоа што се повлеков од сите јавни функции кои ги извршував, поднесов оставка и од функциите потпретседател и член на Централниот одбор на СДСМ“, соопшти Манчевски.

Ова за сите во политиката беше гром од ведро небо, бидејќи Манчевски беше еден од најистурените играчи на СДСМ и Владата, како министер кој остави трага со своето работење и во моментите кога чекаше да биде назначен за генерален секретар на Владата, поради што си поднесе и оставка на пратеничката функција.

Ова се само дел од анализата објавена на НЕТПРЕС, каде можете да го прочитате и целиот текст.

Најнови вести

Локални избори 2021