сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Нетпрес: „Кети предавник“, прилепчани собрани пред домот на пратеничката од СДСМ (ВИДЕО)

Нетпрес: „Кети предавник“, прилепчани собрани пред домот на пратеничката од СДСМ (ВИДЕО)

Вечерва во Прилеп, пред домот на пратеничката Кети Смилеска од СДСМ, собрани се голем број граѓани кои револтирано извикуваат „Кети предавник“, јавува порталот Нетпрес.

Откако на скандалозен начин владејачкото мнозинство на чело на СДСМ го изгласаа Законот за јазици, јавноста не престанува да го изразува своето незадоволството, а покрај лавината реакции на социјалните мрежи и изјави од стручната фела, пратениците од СДСМ кои гласа за законот, се соочуваат со јавни навреди, притисоци, па дури и дирекни закани за нивната безбедност.

Во Виница вчера беше опожарен автомобилот на пратеничката на СДСМ, Славица Шуманска – Митева, само неколку часа откако во Собранието беше изгласан Законот за јазиците.

Пратениците од СДСМ се договориле да седат дома и не се движат премногу за да не ги „иритираат“ граѓаните. А, заради очигледниот револт што се јави по насилно изгласан Законот за јазици во Парламентот на Македонија, деновиве полиција ги чува домовите на пратениците на СДСМ.

Најнови вести

Коронавирус