петок, 23. јули 2021. Вести денес: 107
home Вести

Нестабилно и променливо до среда: Од четврток настапува ВИСТИНСКО ЛЕТО – дневните температури над 30 степени!

Нестабилно и променливо до среда: Од четврток настапува ВИСТИНСКО ЛЕТО – дневните температури над 30 степени!

Посвежо време наутро, а преку денот променливо облачно ќе преовладува до среда, а од четврток ќе има значително повисоки температури, но со услови за појава на нестабилност во попладневните часови.

Од УХМР најавуваат дека особено долж Повардарието ќе засилува северен ветер.

Утре утринските ќе се движат од три до 14 степени, среда од 6 до 16, четврток од од осум до 17 степени, додека петок сабота и недела од девет до 19 степени.

Дневните утре ќе биде од 16 до 27 степени, среда од 22 до 31 степен, четврток од 22 до 32, петок од 24 до 34 степени, сабота од 25 до 33 и недела од 24 до 33 степени. (МИА)

Коронавирус