сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 47
home Вести

Нестабилно и облачно време до среда, а потоа промена

Нестабилно и облачно време до среда, а потоа промена

Претпладне во поголемиот дел ќе е сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Во попладневните часови ќе се зголеми облачноста, а претежно во планинските региони ќе има изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 31 степени.

Во Скопје попладне ќе има услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Утре и во среда се уште во попладневните часови ќе има услови за појава на изолирна нестабилност со појава на краткотраен пороен дожд. Веќе од среда ќе има повеќе сочево време и ќе следува период на стабилно и релативно топло време.