Маж исчезнал додека со џип се обидувал да помине надојдена река во демиркаписко Дрен, а по него се трага, потврди за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Тој не можеше засега да даде повеќе детали, само кусо посочи дека полиција и јавен обвинител биле на лице место.
Се уште се трага по исчезнатиот, кој неофицијално бил ловџија и со уште двајца пријатели со теренското возило се обидел да премине преку реката.
Двајцата негови пријатели успеале на време да се извлечат од џипот.
Не е познато дали причина за надојдената река биле обилните и поројни дождови, најавени во југоистичниот дел на земјава.