понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Неспособноста на Заев и Филипче ги премина сите граници: Не набавуваат вакцини, а не знаат ни како да превземат донација

Неспособноста на Заев и Филипче ги премина сите граници: Не набавуваат вакцини, а не знаат ни како да превземат донација

Антиковид-вакцините на „Фајзер“ кои ни ги отстапи Србија, а неколку недели чекаа на одобрение од производителот за да влезат во земјава, ќе пристигнат наредните денови. Не денес како што беше најавено вчера од страна на Зоран Заев.

Првично беше договорено примопредавањето на донацијата на вакцини од Србија да се изврши во текот на денешниот ден, од српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот Зоран Заев, на граничниот премин Табановце, но беше одложено, како што информираа доцна синоќа од кабинетот на Вучиќ, заради неопходна дополнителна техничка документација.

Македонската Влада покажа дека е целосно неспособна да набави вакцини од производителите, а очигледно не е способна ниту да превземе вакцини кои ни ги донираат соседите.

Вакцините од Србија нема да пристигнат денеска поради „усогласување на техничката документација“. Замислете, вакцините ни се подаруваат, а ние не сме обезбедиле ниту основна документација.

Така, поради неспособноста на Заев и Филипче, Македонија уште нема вакцини. Граѓаните оправдано живеат во страв, чекајќи некој да ги заштити и да се грижи за нивното здравје.

Владата со месеци ветува вакцини, но ниту знае од кој производител, ниту кога ќе пристигнат.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека немањето вакцини е доказ за огромната неспособност на цел еден систем.

-На човек му се смачува од нивното незаење и неспособност. Наместо оправдувања, треба да се пишуваат оставки. Нема дно кое не го пробија, пишува Мицкоски на Фејсбук.

Откако беше откажана денешната церемонија на примопредавањето на донирани вакцини од Србија, се огласија од ВМРО-ДПМНЕ. Од опозицијата велат дека ова е „брука“ на власта, додека народот умира.

„Епска брука на Заев и Филипче, не се способни ниту донирани вакцини да превземат додека народот умира. Да имаа грам одговорност денес ќе си напишеа сами оставка и ќе се извинеа
на нацијата.

Арамијата Заев прво чекаше вакцини од Грција, не ги доби, па од Бугарија кои исто не ги доби, сега од Србија, никако да му стигнат.
Наместо да чека донации до сега требаше да се фати за работа и сам да набави, а не да ја брука државата кај ќе стигне.

Цел регион и цела Европа одамна се вакцинира, а Заев се фали дека ќе му стигнат вакцини, кои не ги набавил, туку некој друг му ги подарил. А тие никако да стигнат“.

ЕУРО 2020

Македонија