петок, 17. септември 2021. Вести денес: 106
home Вести

Неспособноста на Шилегов опасна за граѓаните: Над 30 напади од улични кучиња само во март во Скопје, пред три дена каснати уште тројца скопјани

Се поголем број кучиња има на скопските улици, особено во попладневните и вечерни часови. Трчаат во глутница, напаѓаат минувачи особено се нафрлаат врз оние кои носат ќесе во рака или пак возат велосипед. Освен во Аеродром, голем број агресивни кучиња има и на Плоштадот Македонија.
Неспособноста на Шилегов опасна за граѓаните: Над 30 напади од улични кучиња само во март во Скопје, пред три дена каснати уште тројца скопјани

Иако градоначалникот на Скопје, најави решавање на проблемот со кучињата скитници во главниот град на Македонија, сепак проблемот со истите тие станува се поголем со секој изминат ден. Минатиот месец во градот Скопје имало над 30 напади од кучиња, а во текот на овој пред три дена во само еден ден во полиција се пријавени 3 напади од кучиња скитници. Граѓаните се видно изреволтирани поради ваквата ситуација во градот Скопје.

Два нови случаи на нападнати граѓани од кучиња скитници во Ново Лисиче и Аеродром. Возрасна жена едвај се одбранила од агресивните кучиња кои ја нападнале пред зградата каде што живее. Во Ново Лисиче ова не е прв случај, пред неколку месеци ротвајлер изгриза неколку деца и возрасни. Пред два дена пак  маж пријавил дека бил нападнат од куче скитник кое  го изгризало по нога во населбата Мичурин.  Граѓаните не се чувствуваат безбедно велат проблемот со уличните кучиња  е се поголем.

Се поголем број кучиња има на скопските улици, особено во попладневните и вечерни часови. Трчаат во глутница, напаѓаат минувачи особено се нафрлаат врз оние кои носат ќесе во рака или пак возат велосипед. Освен во Аеродром, голем број агресивни кучиња има и на Плоштадот Македонија.

-Па има, едно црно ондека, напаѓа се живо, од онаа зграда има каснато човек, вчера мене ме турна од велосипед. Затоа велам, нека се живи и кучињата и градоначалниците, се пожали еден од жителите на Аеодром.

-Во саботата пак нападнаа. Какви се што се, мирни изгледаат, ама изненадо, од чиста мира, не се бесни, сега гризнаа еден човек, се пожали уште еден жител на оваа скопска општина

Се работи за кучиња со ушни маркички кои веќе поминале третман во стационарот Вардариште, но кај нив повторно се јавува агресија. Од јавното претпријатие велат по пријавата Екипите веднаш излегле на терен но агресивните кучиња се уште не се заловени.

-За овие кучиња се излезени на терен, пријавата беше утринава, нашите екипи веќе се излезени на терен, се надеваме дека кучето ќе биде заловено. Знаат значи за кое куче станува збор, и се во координација со граѓаните. Ние би апелирале во случај кога некој граѓанин е нападнат, каснат итн, веднаш сето тоа да го пријави на нашите дежурни телефони, велат од Вардариште

Само во месец март во полиција се пријавени 32 случаи на нападнати граѓани.

-Во текот на изминатиот месец март заловени се точно 100 кучиња, од кои што 83 биле третирани, 17 биле еутаназирани, а 10 биле вдомени во рамките на самиот стационар.

Програмата залови, стерилизирај, пушти очигледно не дава резултати, бидејќи кучињата откако ќе бидат заловени најмногу 15 дена се сместени во Вардариште а потоа од службата повторно ги враќаат на улица.

Пред само три дена три нови случаи на напади од кучиња биле пријавени во полициски станици во Скопје, соопштија од МВР.

Г.Ј.(27) од Скопје на 4 април во 22 часот во полициската станица Аеродром пријавил дека истиот ден околу 13:00 часот, додека се движел по улица „Божидар Рајковиќ“, бил нападнат од куче скитник при што му била нанесена повреда на левата нога.

Љ.А.(58) од Скопје на 4 април во 23:50 часот во полициската станица Карпош, пријавила дека истиот ден околу 19:30 часот на улица „Волгоградска“ била нападната од три кучиња скитници, при што од едното била касната на левата нога.

Ј.М.(40) на 4 април во 10:00 часот пријавил во полициската станица Аеродром дека претходниот ден додека се движел по булеварот „Србија“, бил нападнат од куче-скитник, кое го каснало во пределот на десната потколеница.

Тој се упатил на лекарски преглед во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде му била санирана повредата.

Коронавирус