среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 158
home Вести

НЕСПОСОБНОСТА НА ФИЛИПЧЕ НЕМА КРАЈ: Штипската болница остана без пари во време на коронавирус

НЕСПОСОБНОСТА НА ФИЛИПЧЕ НЕМА КРАЈ: Штипската болница остана без пари во време на коронавирус

Коронавирусот удри и врз буџетите на регионалните болници. Половина година не работеа амбулантите, не се правеа хирушки интервенции, па дневниот максимален прилив од околу 140.000 се стопи на само 7.000 денари. Пораснале ставките за набавка на заштитна опрема и на кислород за ковид центрите, прнеесува Телма.

Штипскиот Ковид центар е регионален, ако пред еден месец доминираа пациентите од Штип, сега поголем дел од пациентите се од Пијанечко-Малешевскиот регион. Проблем имаат и со недостиг на лекари во овој центар, еден од инфектолозите од Штип е на боледување, а лекарката од Струмица си ја бара матичната болница, бидејќи таму деновиве бројките на заразени се загрижувачки. Во меѓувреме се чека на поставување на монтажната болница, која треба да има капацитет за 42 пациенти.

Министерството за здравство ги чека средства од Светска банка.  Од овој кредит треба да се плати поставувањето на монтажните модули. Пред неколку дена, Владата најави дека го одобрила новото задолжување од 90 милиони евра кај Светска банка.

Коронавирус