сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 31
home Вести

Неспособноста на Филипче на дело, Гевгелија станува нов кластер на заболени од КОВИД–19?

Неспособноста на Филипче на дело, Гевгелија станува нов кластер на заболени од КОВИД–19?

Бројот на новозаразени од КОВИД-19 во земјата рапидно расте, се јавуваат и нови жаришта. На пример, Гевгелија од почетокот на епидемијата со корона има вкупно околу 80 заразени, од кои педесеттина се само за две недели, а останатите триесет во претходните шест месеци или месечно во просек имало само по пет заразени. Енормната бројка на новозарзазени од вирусот е доказ министерот за здравство, Венко Филипче не превзема доволно мерки со кои би се заштитило здравјето на граѓаните.

Според официјалните податоци од Министерството за здравство може да се забележи дека во последните десетина дена во Гевгелија има приближно 50-тина нови случаи позитивни на КОВИД–19 вирусот. Но, доколку се види бројот на заразени по градови на официјалната страна за следење на состојбата со корона вирусот во Македонија може да се забележи дека вкупната бројка на заразени од Гевгелија од почетокот на пандемијата до денес изнесува 85.

Алармантен е фактот што во последните две недели бројот на нови случаи е приближно 50-тина и е многу поголем од бројот на случаи од месец март до септември. Сето ова говори дека за две недели бројот на нови случаи е драстично зголемен и се поставува прашањето дали Гевгелија станува нов кластер.

Жителите на Гевгелија иако апелираат до локалната власт да се превземат соодветни мерки се со цел да се заштити нивното здравје, градоначалникот Сашо Поцков немаше слух за сето тоа.

Коронавирус