понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 136
home Вести

Неспособноста на Филипче ги натера македонските граѓани да се вакцинираат во Србија 

Неспособноста на Филипче ги натера македонските граѓани да се вакцинираат во Србија 

Македонските граѓани иако плаќаат даноци и здравствено осигурување, не можат да си обезбедат здравствена заштита. Неспособноста на министерот за здравство, Венко Филипче и на Владата предводена од Зоран Заев да набават вакцини против Ковид-19, ги натера македонските даночни обврзници чарето за имунизација да го бараат во соседна Србија.

Имено, до пред некој ден околу 70 македонски граѓани, вакцина против Ковид-19 примиле во Врање. Според последните информации од Врање, град на југот од Србија, околу 70 граѓани на Македонија, кои поседуваат и српско државјанство се вакцинирале со кинеската вакцина на „Синофарм”.

– Бидејќи вакцини сѐ уште не се пристигнати во Македонија, како двоен државјанин поднесов барање до Е-Управата за примање на вакцината. Добив потврден одговор со точен термин за вакцинација, изјави за Радиот Телевизија Србија Зоран Симоновски од Скопје.

Пред извесно време македонската јавност беше информирана како и здравствени работници одат во Србија со цел да ја примат вакцина. Докторката Ирена Витановска со српки документ и со пријавување од српски телефонски број пред една недела, во Бујановац примила кинеска вакцина против Ковид-19.

– Сѐ беше организирано. Ме примија како доктор од Македонија и без проблем се вакцинирав, рече Витановска во изјава за Сител.

Инаку, српскитите власти упатија отворена порака до македонските власти за во Србија да се вакцинира македонскиот здравствен персонал, но ова категорично го одбија македонските власти. Но, за жал освен што ја одбија српската понуда, македонските власти не понудија алтернатива за оние лица, а и здравствен персонал, кој сака да се вакцинира против корона вирусот.

Македонија сеуште чека вакцини, од нив има само најава дека кинеските ќе стигнат за десет дена, а првите дози преку Ковакс системот, од производителот Астразенека ќе стигнат во март месец.

Од друга страна секојдневните бројки на ново заболени од корона вирусот растат, а денес и самиот министер за здравство, Венко Филипче изјави дека во Македонија во моментов има 20 видови на вирусот и поради тоа македонските граѓани не треба да се опуштаат.

Освен препораки да не се опуштаат, министерот на македонските граѓани треба ба им обезбеди лекарства кои помагаат во лечењето, а и вакцини како до сега единствен начин за трајна превенција од ширење на вирусот, а не македонските граѓани чарето за имунизација да го бараат по соседни држави.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија