четврток, 15. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Неспобноста на Царовска да обезбеди ефикасна платформа за учење ја плаќаат студентите со поништување на испити

Неспобноста на Царовска да обезбеди ефикасна платформа за учење ја плаќаат студентите со поништување на испити

И понатаму продолжуваат проблемите во образованието поврзани со онлајн платформата за следење настава. До нашата редакција пристигна информација дека на некои државни факултети ширум државата поради проблеми со платформата се поништени испити кои ги полагале студентите.

-Пред само неколку недели имавме испитна сесија. При полагање на еден од испитите имаше некои проблеми со платформата. За само неколку дена од полагањето добивме информација дека полагањето на испитот ќе биде поништет за сите студентите кои полагавме, ни раскажа студент од економскиот факултет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

За оваа проблематика ни посочија и студентите од други неколку факултети кои поради проблеми со платформата имале проблеми околу полагањето на испитите.

Додека студентите и понатаму мака мачат со учењето и полагањето на испитете преку онлајн платформата, министерката за образование и наука, Мила Царовска посочува дека образованието се унапредува и дека со платформата се гради чекор плус во образованието.

-Се што правиме сега го унапредуваме образованието. Не е ова само состојба која што сакаме да ја надминеме, па по секоја цена правиме платформа. Оваа платформа ја градиме сега,но градиме чекор плус во нашиот образовен систем. Верувам дека во наредните неколку месеци сите ќе сакаат да работат на неа, посебно децата, затоа што ќе биде едноставна, ќе имаат распоред, ќе можат да имаат двонасочна комуникација со наставникот, ќе имаат линкови, презентации и сето тоа полека ќе се усовршува и полека ќе се доградува, посочи министерката Царовска пред само неколку месеци.

Од сето ова може да се заклучи дека владата и министерката за образование и наука, Мила Царовска не водат грижа за образовниот систем и тоа на крај го плаќаат учениците.

Коронавирус