понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 133
home Вести

Несовесната директорка пред пензија, а Филипче ќе ја разрешува

Несовесната директорка пред пензија, а Филипче ќе ја разрешува

Директорката на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Биљановска, којашто е четвртиот заболен со коронавирус и којашто со својата несовесност, и пред сѐ непрофесионализам создаде услови за неконтролирано ширење на заразата, била пред крајот на својата работна кариера.
Биљановска требало да се пензионира за неколку месеци.

Иако овој факт му е добро познат на министерот за здравство, Венко Филипче, тој денеска најави дека поради неодговорноста на лекарката, по изборите таа ќе била разрешена.

Филипче, разочаран од лекарката, истакна дека за непочитување на препораките и загрозување на јавното здравје на граѓаните ќе има најостри мерки за сите.

Од позиција дека лекарката и онака оди во пензија, „најстрогата казна“ што ја најави на Филипче, нејзиното разрешување, очигледно нема многу да ја погоди.

Коронавирус