четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 114
home Вести

„Несомнено“: Заев ветуваше дека униформите и парите нема да бидат да бидат двојазични, со законот за јазици се предвидени како двојазични

„Несомнено“: Заев ветуваше дека униформите и парите нема да бидат да бидат двојазични, со законот за јазици се предвидени како двојазични

Полицијата ќе носи двојазични униформи, специјалците, посебните единици, мобилната Алфа, сообраќајната и редовниот полициски состав, на амблемите од униформите ќе им пишува на македонски и албански јазик. Ова го предвидува чл.8 ст.3 од законот за јазици, вели новинарката Гетева во емисијата „Несомнено“ на телевизија Алфа.

Ова е спротивно на тврдењата на премиерот Зоран Заев од март лани, кога тој велеше дека двојазичните униформи се косат со Уставот. Имено тогаш Заев од партиски прес кажа дека парите и униформите, се користат на целата територија на Република Македонија и тие не можат да бидат двојазични, бидејќи тоа е спротивно со Уставот.

Спротивно на ветувањата на Заев во постојното законско решение стои дека униформите на полицијата, здравствените работници и пожарникарите во општините каде најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, како и во градот Скопје, се напишани на македонски јазик и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија.

Со оглед на фактот дека седиштата на посебните и специјалните единици на полицијата се во Скопје, назнаките од униформите на „Тигар“, „ЕБР“, „Алфа“, „ПЕП“ ќе бидат двојазични.

Заев, кој еднаш ги излажа граѓаните со ветувањето дека нема да има двојазични униформи и пари, сега повторно поради противвењето на претседателот на државата да го потпише Указо на законот, излегува со ново ветување и вели дека законот треба да живее и дека администрацијата во источна Македонија нема да треба да учи албански јазик.

Гетева објаснува и дека постапките пред суд, граѓански и кривични, ќе треба  да се водат покрај на македонски јазик и на албански јазик, доколку судија, јавен обвинител, странка или друг учесник во постапката е лице кое зборува албански јазик. И одлуките во овие постапки ќе се донесуваат на македонски и на албански јазик.

Законот ги обврзува судовите, јавните обвинителства, полицијата, како и сите други органи, тела и институции, да овозможат превод на сите потребни документи и материјали, како и симултан превод на излагања, изјави и рочишта во работата или постапката што се води. Необезбедувањето на превод на сите потребни документи и материјали. Додека необезбедувањето на симултан превод за време на целиот тек на постапката, претставува суштинска повреда на постапката.

Гетева  завршува  дека и имињата на органите и институциите ќе бидат напишани и на македонски и на албански.

Коронавирус