четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Несомнено: Необјективно и неосновано вештачење и судење за владиниот Мерцедес

Несомнено: Необјективно и неосновано вештачење и судење за владиниот Мерцедес

Вчерашното издание на Несомнено на Алфа Телевизија ги става под знак прашалник објективноста и основаноста на обвинението Тенк на СЈО, за набавката на владиниот Мерцедес.

Истражувањето на Несомнено дојде до повеќе спорни моменти во обвинението, доказната постапка  и вештачењето каде постои голем сомнеж за политичка пристрасност против обвинетите.

Во обвинението на СЈО постојат два клучни моменти кои се спорни и нелогични. Прво СЈО обвинува за незаконски спроведен тендер.  Нелогичноста за ова обвинение е во тоа што  Законот за јавни набавки дозволува ваква специфична набавка да се реализира без воопшто да биде распишан тендер, иако во конкретниот случај набавката за мерцедесот МВР распишало тендер.

Вториот момент кој е клучен и истовремено спорен е дека  според  СЈО  обвинетите овозможиле само на една фирма да го набави возилото.  Но,  антимонополските закони во Македонија не дозволуваат ексклузивност само една компанија да врши увоз на возила од која било марка. Па така не може да станува збор за фаворизирање на една фирма, бидејќи која било фирма увозник или регистрирана за возила можела да набави исто такво возило од фабриката на Мерцедес.

Спорно е и објективноста на вештачењето. СЈО во вештачењето за овој случај ангажирале лица со истечени лиценци да го вештачат мерцедесот како и вештак кој како што тврдат бил близок до актуелната власт.

– Кај мене постои објективно оправдан сомнеж за објективноста на вештачењата во врска со лиценците, но и по однос на политичката кариера на Тале Герамитчиоски, кој извршувал висока партиска функција. Тој бил избран и именуван по предлог на СДСМ во мое време кога јас извршував исто така висока политичка функција. Политички опонент на партијата што го избрале за вештак. Барам од судот да го земе во предвид ова мое сомневање за неутралноста за вештаците бидејќи ваквиот нивен политички ангажман го загрозува правото на моја одбрана, вели поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Но, Судот досега нема прифатено ниту едно барање на одбраната или на обвинетите.  Нив не им беше овозможено да даваат предлози во истакнувањето приговори и забелешки и сето тоа да биде забележано во записник.

Исто така Несомнено, потенцира дека одбраната нема пристап до доказите, односно Судот одбива доказите да ги даде на одбраната. Тоа значи дека адвокатите се спречени да ја подготват одбраната за случајот.

Сето тоа со право и дава на одбраната и обвинетите да се сомневаат дека целиот случај е политички  монтиран и дека целото судење е како во народната изрека „Кадија те тужи, кадија те суди“, односно во овој случај „СДСМ те тужи, СДСМ те суди“.

Најнови вести

Коронавирус