вторник, 22. мај 2018. Вести денес: 0
home Вести

„Несомнено“ анализира: Дали Кацарска ќе донесе ослободителна пресуда според факти и докази или пресудата за Груевски е напишана уште пред да започне првото рочиште за Тенк?

„Несомнено“ анализира: Дали Кацарска ќе донесе ослободителна пресуда според факти и докази или пресудата за Груевски е напишана уште пред да започне првото рочиште за Тенк?

Катерина Гетева во  емисија „Несомнено“ прави кратка анализа  за судскиот процес за набавка на блендираниот мерцедес кој е пред сама завршница. Со какви докази излезе СЈО пред судот, што кажаа сведоците и на одбраната и на обвинителството? Дали бомбите можат да бидат единствен доказ за да се донесе пресудата и дали со тоа не се кршат основните човекови права, се само дел од прашањата кои се предмет на анализа.

Во измените на законот за судови како потешка дисциплинска повреда за која се поведува постапка за утврдување на одговорност на судија како основ за разрешување се смета и непочитување и непримената на ставовите изразени во конечните  пресуди на Европскиот суд за човекови права. Ова е регулирано во членот 18, став 8.

Главна улога на СЈО во случајот познат како „Тенк“ играат бомбите. Телефонски разговори кои СЈО ги доби од СДСМ, но никогаш не се утврди дали претходно некој ги селектирал и ги дал само оние кои мислел дека треба да ги имаат обвинителите.

Во членот 6 од Европскиот суд за човекови права стои дека „судењето не може да се смета за правично доколку вината на некое лице се заснова единствено на доказ кој е добиен преку повреда на човековите права, загарантирани со Конвенцијата“. Со ова Европскиот суд во Стразбур јасно става до знаење дека не може да зборуваме за правично судење доколку истото се темели на иницијални повреди на законите, анализира Гетева.

Ова одбраната на обвинетите во случајот Тенк го посочи кога предметот беше во рана фаза и се бараше издвојување на бомбите како докази, бидејќи според адвокатите доказниот материјал е стекнат со кршење на човековите права со повеќегодишно, континуирано, неселективно и незаконско следење на комуникации без судска наредба и без судска контрола што е регулирано во членот 12, став 2 од Законот за кривична постапка, но исто така е и повреда според членот 6 од Европскиот суд за човекови права, вели Гетева.

Таа во анализата додава дека како слични случаи во текот на судењето биле посочени два случаи и тоа Хајрула против Македонија и Шенк против Швајцарија.

СЈО пред судот излезе со две вештачења, едното економско а другото техничко. Освен пишаниот материјал и двајцата вештаци биле повикани во судот како сведоци на обвинителството. Куќата која што го вештачела предметот „ЕОС консалтинг“ е Италијанска компанија чии локален раководител е Димитар Бузлевски од Ресен односно поранешен висок функционер од СДСМ потпретседател на владата, додека Герамитчиовски кој е ангажиран од СЈО како технички вештак е поранешен пратеник на СДСМ и поранешен министер за образование, додава Гетева.

За одбраната и обвинетите беше спорен уште еден факт за вештакот.

Вештакот кој што вештачеше Тале Герамитчиовски се докажува дека не ја продолжил лиценцата според министерството за правда. Се побара писмо од Министерството за правда, од кое што писмо се гледа дека тој не ја продолжил лиценцата особено затоа што тие наведуваат во нивниот допис дека за таков стручен испит како што требало да има за таа лиценца, тие почнале да прават таков стручен испит од ноември 2017 година а тој вештачењето го правел април или мај 2017 година, што укажува дека во моментот што го правел немал таков стручен испит, изјави Никола Груевски од пред суд.

Герамитчиовски во судницата дошол како професор  на Техничкиот факултет кој предавал базични предмети. Тој во судницата изјавил дека не се чувствувал како експерт за блендирани возила, посочувајќи дека неговата експертиза биле машинство и сообраќај, но не и блендирани возила.

Вториот вештак на СЈО Страхил Глигоровски оценил дека фирмата која го продавала возилото на МВР Мак Ауто Стар остварила маржа во рамки на вообичаената маржа за возилата кои ги продаваат и дека немаат оставено екстра профит, што значи дека во целиот случај нема штета по државниот буџет.

-Телефонскиот разговор помеѓу Никола Груевски и Гордана Јанкуловска е единствениот телефонски разговор и не постои ниту еден телефонски разговор, писмен доказ или сведок дека Јанкуловска му дава налог на тогашен свој помошник Ѓоко Поповски да направи тендер што би одговарал само за мерцедес. Не постои ниту податок кој подготвил тендерска документација, по чии налог била изготвена така говореле сведоците и на одбраната и ниту еден од нив не посочи кој ја изготвил тендерската документација и дали некој им вршел некакво влијание при подготвување на истата, потенцира Гетева.

Делото за кое се товари Никола Груевски веќе е застарено и има релативна и апсолутна застареност. Запретената казна е до 3 години затвор, релативна застареност постои кога по истекот на тие  3 години СЈО не започнало ниту едно дејствие против обвинетиот.

Телефонските разговори на Никола Груевски се во февруари и март и еден во јули 2012 година. Законот за СЈО и изборот на СЈО беше на 15 септември 2015 година, додека снимките СЈО од СДСМ ги доби декември 2015 година. Претходно ОЈО не водело постапка за овој предмет, што значи дека помеѓу февруари и март, па дури и меѓу јули и октомври 2012 година и декември 2015 година поминати се повеќе од 3 години и предметот за Никола Груевски е со релативна застареност. Иако ова било посочено од страна на адвокатите на обвинетиот, судот го отфрлил овој предлог без образложение.