недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 73
home Вести

Нервоза кај владејачкото мнозинство: Пратеникот на СДСМ со недолични зборови кон опозицијата

Нервоза кај владејачкото мнозинство: Пратеникот на СДСМ со недолични зборови кон опозицијата

Денеска во собранието на Комисија за европски прашања се расправа за избор на членови на Државната изборна комисија. Различните мислења и ставови само ја подгреваа ситуацијата и жестоката расправа помеѓу пратениците од владејачкото мнозинство и коалицијата и пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Недолични зборови, навреди, одземање на правото на реплика и префрлања од места беа само дел од тензичната атмосфера. Пратениците од СДСМ очигледно поради големата нервоза и притисок поради неможноста да изгласаат измени на Изборниот законик, со што би се составила Државната изборна комисија и би се распишал референдум за промена на Уставното име на Република Македонија, кое произлегува од договор кој што го потпиша владата на Заев, не може да се воздржат, а да не упатат навредливи зборови кон своите колеги од опозицијата.

-Доста сме заложници на една политичка забегана заедница, со овие зборови денес им се обрати пратеникот на СДСМ, Петар Атанасов на колегите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

При тоа пратениците од опозицијата жестоко реагираа на навредите. Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска побара веднаш да им се извини за навредите потсетувајќи го Атанасов дека ова е некултурно однесување на пратеник кој пред само еден месец гласал носење на  етичкиот кодекс, а веќе денеска го прекршува со недолични зборови.

Претседателот на комисијата Артан Груби, даде втора пауза на комисијата додека на говорница се наоѓаше пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска. Но, таа и покрај тоа што пратениците од мнозинството ја напуштаат салата продолжи да ги образложува своите ставови. 

Коронавирус