петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 130
home Вести

Непотизам на листата на Левица: Шест брачни пара на иста советничка листа во Охрид!

Непотизам на листата на Левица: Шест брачни пара на иста советничка листа во Охрид!

Левица ја објави кандидатската листа за членови на Совет во Општина Охрид на која се наоѓаат имињата на 23 кандидати. Но, она кое е впечатливо е дека неколку презимиња на кандидатите се повторуваат по два пати, со што се наметнува прашањето дали се работи за членови на исто семејство.

Дојчиноски – Дојчиноска, Илијоски – Илијоска, Наумоски – Наумоска, Јованчев – Јованчева се само дел од презимињата кои се повторуваат, а Виолета Аврамоска, која е носител на советничката листа за ,,Фокус” потврдува дека се работи за брачни парови.

-Имаме брачни парови, наши кандидати, кои заслужуваа да бидат листата. Имаме и кандидати кои се активисти со исто презиме, а не се ниту роднини, тоа е примерот со Ристески. Бројот на брачни парови-кандидати е шест – вели Аврамоска.

На прашањето, доколку сопружници успеат да влезат во Советот, дали на тоа се гледа како на чекор кој би донел продуктивност за граѓаните, или пак би можело да има несакани ефекти во носењето на одлуки, таа е категорична и тврди дека сите активисти си работат посебно, без разлика дали се сопружници или не.

-Сите тие активисти си работат посебно, секој со своите способности. Секој од нив придонесе да се изгради огранокот во Охрид. Независно дали се брачни парови, секако дека нивното работење во Советот би било продуктивно и не би предизвикало никакви несакани ефекти – тврди Аврамоска, појаснувајќи дека во своите редови имаат неколку правници, асистент на архитектонски факултет, студенти на медицина и на правен факултет.

Не е прв пат на советничките листи да се кандидираат брачни парови, и јавноста се сеќава на случајот со магистарот по правни науки, Сашо Николов, кој на изборите во 2017 година беше носител на независна листа во Неготино, а на истата ги вметна синот, ќерката и сопругата. Тогаш за ,,Фокус” изјави дека е горд што членови на неговото семејство се дел од кандидатите. -Ова не е прв пат на мојата независна советничка листа да ја назначам и сопругата Наталија.

Во 2009 година, исто така таа беше на мојата листа, како последна, со реден број 15, и ми донесе среќа, влегов во Советот. Затоа и на овие избори, ја ставивме последна, за среќа. И ќерката и синот се исто така дел од листата, не го ставивме само постариот син, кој има своја професија со која што е окупиран-извести Николов во 2017 година, но не успеа да освои доволно гласови и влез во Советот. Годинава тој ја предводи советничката листа на ТМРО во Неготино.

Коронавирус