сабота, 17. август 2019. Вести денес: 76
home Вести

Непопуларноста на вакцините падна благодарение на Филипче, а сега не се потруди да им даде значење на новите вакцини!

Непопуларноста на вакцините падна благодарение на Филипче, а сега не се потруди да им даде значење на новите вакцини!

Воведени се две нови вакцини за ротавирус и пнеумокока, но граѓаните немаа прилика да слушнат информација за тоа кога стартува вакцинирањето, кои се предностите на овие вакцини.

Изостана кампања за вакцините и истата не ја спроведе министерството за здравство и министерот Венко Филипче. Истите тие кои доцнеа со мерките за заштита и се уште има епидемија на морбили, само минатиот месец јуни околу 300 нови заболени. Ова се коментари на докторите и медицинскиот персонал кои секојдневно работат на имунизација на населението.

– Во услови кога, благодарение на Филипче, непопуларноста на вакцините падна, сега не се потруди да им даде значење на двете нови вакцини, а станува збор за многу важни вакцини. Со вакцината ротавирус се превенира кај стомачни и цревни инфективни заболувања, а со пнеумокoка вакцината се спречуваат респритарните заболувања. Родителите не ни знаат. Не е само што немаше кампања, треба да се даде одговор зошто немаше кампања, велат дел од докторите кои работат на вакцинирање.

Родителите, пак, кажуваат дека воопшто не ни слушнале за овие вакцини.

-Не знам за овие вакцини, детето има 11 години, но сепак треба да знам, вели родител.

Оние пак кои ги вакцинираат новороденчињата исто кажуваат дека иако пред речиси два месеци излегле од болница по породување не знаат за нови вакцини.

-Се породив кон крајот на мај. Ме известија дека треба да се примаат вакцини и кога е првата, но никој не ми кажа дека се воведуваат две нови. И сето ова се случува откако имам дилеми за вакцинирањето поради тоа што го слушав за вакцините за морбили, вели нашата соговорничка.

Надлежните велат дека одамна се знаело за новите вакцини и дека ќе се воведат две нови вакцини на почеток на јули.

-Лекарите мора да ги известат пособено родилките, оние кои се породиле последните месеци. Тие биле во болница неодамна и морале лекарите да им кажат дека вакциниланиот картон е проширен со две нови вакцини и да им објаснат кои се предностите, велат упатените.

Сепак лекарите велат дека изостанала кампања за информирање од страна на министерството за здравство зошто тоа се вакцини што се даваат на новороденчиња па се до лица со 18 години.