четврток, 5. август 2021. Вести денес: 77
home Вести

НЕОФИЦИЈАЛНО: Денеска над 140 новозаразени, Заев распишува избори

НЕОФИЦИЈАЛНО: Денеска над 140 новозаразени, Заев распишува избори

Како што неофицијално дознава Курир од свои извори во Институтот за јавно здравје досега се регистрирани 144 новозаболени, од кои 69 се од Скопје, a се очекуваат резултатите од уште една приватна лабораторија со што се очекува бројката на новозаразени да расте.

Со тоа продолжува растот на бројот новозаразени, откако вчера беа потврдени 175 случаи на инфекција со коронавирусот и пет смртни исходи. Така, без најновите податоци, за последните десет дена во земјата се регистрирани 1.316 новозаразен и 36 починати.

И покрај тоа, на само дваесетина дена по рекордните бројки од епидемијата на коронавирусот, Македонија треба да оди на избори, според одлуката да се направи измена во Уредбата за изборниот процес, којашто во средата вечерта ја донесе Владата на техничкиот премиер Оливер Спасовски, што очигледно е исполнување на безобѕирните желби на неговиот партиски лидер Зоран Заев.

Коронавирус