среда, 19. декември 2018. Вести денес: 0
home Вести

Ненадејно почина Слободан Угриновски

Ненадејно почина Слободан Угриновски

Претседателот на Титовите леви сили Слободан Угриновски синоќа ненадејно починал. Веста на својот „Фејсбук“ профил ја објави неговиот син, Никола Угриновски.

Сојузот на Титови леви сили е македонска вонпарламентарна комунистичка политичка партија основана на 26 октомври 2005 година. Партијата се раководи според идеологијата на Јосип Броз- Тито, а нејзин претседател беше Слободан Угриновски.

Погребот на Угриновски ќе биде на градските гробишта Бутел утре во 13:30 часот.