петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 12
home Вести

“Немој да ги предадеш тие што те гласале, бидејќи ако го сториш тоа си ја предал МАКЕДОНИЈА!”

“Немој да ги предадеш тие што те гласале, бидејќи ако го сториш тоа си ја предал МАКЕДОНИЈА!”

Прво и единствено барање, што сами сме си го поствиле пред себе, ама не во 2014та, туку секогаш: “Немој да ги предадеш тие што те гласале, бидејќи ако го сториш тоа си ја предал МАКЕДОНИЈА!” Да живее организацијата! Напиша на Фејсбук, Димитар Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ.

Да прифатиш партиска понуда за пратеничка кандидатура значи, пред се’, да ја почитуваш изборната програма, врз основа на која гласачите би ти ја дале довербата и честа да бидеш народен пратеник. Но најбитно, а во однос на националните прашања, е да ја почитуваш волјата на народот, изразена на законски организиран референдум. Секој пратеник за себе, но гласачите најдобро знаат кој ја оправдал нивната доверба, а кој ја продал нивната волја за грст сребреници. Напиша на Фејсбук, Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

Да се дрзнеш пред целата македонска јавност да искажуваш невистини во името на твои довчерашни колеги, говори за твојата неискреност,превртливост, и колку нешто друго може да ги промени твоите ставови. Ова не е излез,барајки начини да си ја испереш совеста за нешто што си го направил спротивно од волјата на своите сограѓани. ВМРО-ДПМНЕ како партија на своето членство, пратениците и секој кој граѓаните ги застапува им упатува само еден аманет ПРЕД СЕ ДА ВИ БИДЕ ВОЛЈАТА НА НАРОДОТ, ДРЖАВАТА И НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ Никакви ултиматуми непостојат Ова е дрско,безобразно и пред се НЕБЛАГОДАРНО, напиша на Фејсбук, Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ.