вторник, 25. јуни 2019. Вести денес: 31
home Вести

Немаше струја бидејќи имавме неплатен долг: Директорот на студентскиот дом се огласи по скандалот

Немаше струја бидејќи имавме неплатен долг: Директорот на студентскиот дом се огласи по скандалот

Студентскиот дом „Томе Стефановски Сениќ„ со денови беше оставен без струја. Студентите мака мачеа поради неодговорност.

Директорот на домот, Лулзим Џемаили, ја контактираше редакцијата на КУРИР со информација дека причина за проблемот бил фактот што имало неплатен долг. Сега, вели, проблемот е решен.

-Сакам само транспарентно да се информира јавноста дека на Домот „Томе Стефановски Сениќ„ на 22.05.2019 во 14 часот и беше прекинато снабдувањето со електрична енергија заради неплатен долг. Приклучени бевме вчера на ден 25.05.2019  во 19 часот. Демантирам информации дека во Домот уште не е приклучено снабдувањето со електрична енергија, вели Џемаили.