недела, 8. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Немаше никаква присила од обвинетите – сведоците на Лиле контра нејзините тези

Немаше никаква присила од обвинетите – сведоците на Лиле контра нејзините тези

Вториот дел од денешното рочиште од случајот Титаник донесе на површина уште поголеми контроверзи наспроти тезата на обвинението. Сведокот Дафинка Петковска која во 2012 и 2013 била референт за определување матичен број кажа дека ургенции за побрзо определување на матичен број добивале од колеги, началници, лекари, професори, буквално од сите како и од колегата од матично Мунир Пепиќ. Ургенцијата била за забрзување на постапката за издавање матичен број и се случила само еднаш.

Сведокот Енес Али се движеше на раб на лажно сведочење поради предочувањето дека бил на замена во пунктот Беко за лични карти поради боледување на колегата Ферху Сали кој пак воопшто не потврди дека на крајот на 2012 бил на боледување туку дека во февруари 2013 користел годишен одмор. Енес Али во понатамошното сведочење предочи дека во плико добивал предмети за сликање лични карри за странки од Оливера Димчова. По наредбата од Оливера да ги изготви и ги враќал назад во плико. Енес Али на прашањето дали во барањата за лична карта на странките стоела адресата на која странката планира да живее одговори потврдно со што во целост го разби тврдењето на сведокот Јадранка Гулевска дека адресите за странките ги добивала од обвинетите.

Сведокот Ферху Сали пак во целост ги поби тврдењата на Стефанова во обвинителниот акт. Како одговорен во пунктот Беко истакна дека добил насока од Јадранка Гулевска да ги слика лицата кои биле државјани на РМ, а во системот се воделе како дијаспора. Таа наредба ја добил откако од сведокот Оливера Димчева бил упатен на началничката Гулевска. Откако се сретнал со Гулевска истата му рекла: ЈАС СТОЈАМ ЗАД ОВАА РАБОТА, НЕ СЕ СЕКИРАЈ. Со тоа тој организирал сликање на лицата од дијаспора по насока од Гулевска. На прашањето од одбраната дали присуството на Мунир Пепиќ со овие лица имало влијание на таквата одлука одговори дека немало влијание ниту пак зависеле сликањето на луѓето од нечија придружба на било кој обвинет. Дали ова не е првпат давате исказ пред обвинителот Стефанова, сведокот одговори дека не е, бил кај неа да дава исказ како обвинет.

Откако увиде дека сведокот Сали отиде спротивно од нејзините тези, Стефанова нервозно му постави хипотетичко прашање кое судот го одби како шпекулативно бидејќи сведокот може да одговара само на настани кои ги видел, чуле и се случиле.