сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 26
home Вести

„Немам ФБ“: Џафери му се изнасмеја на Кирацоски за барањето за разрешување на Мизрахи

„Немам ФБ“: Џафери му се изнасмеја на Кирацоски за барањето за разрешување на Мизрахи

Спикерот Талат Џафери му се изнасмеја на Александар Кирацоски од СДСМ за неговото остро барање за свикување седница упатено директно и лично до спикерот, итна седница на која точка на дневен ред треба да биде разрешување на министерката Рашела Мизрахи, пренесе плусинфо.

„Ха, ха, ха, па јас немам Фејсбук!“ му одговори Џафери на Кирацоски.

Не прецизира дали и кога би свикал седница, а од ДУИ за начинот на кој Кирацоски од СДСМ го постави барањето неофицијално одговараат за плус инфо: „Кики така може да му се обраќа само на Боки 13.“

Кирацоски луто му одговори на Џафери:  -Џафери наместо да Бокисува, нека си ја врши својата работа како што доликува и веднаш нека го прифати, не моето, туку барањето од актуелниот технички премиер за разрешување на министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, поради кршење на Уставот.

Се чека нов хумористичен одговор од спикерот Џафери.

Во меѓувреме, споед плусинфо, неофицијално, неизвесно е дали Џафери ќе закаже седница за разрешување на министерката за труд. Според информации од Собранието, доколку се оди на разрешување на Мизрахи можно е да се искомплицира целиот изборен процес. Објаснувањата се дека Мизрахи е министерка во техничката влада која произлегува од Пржинскиот договор зад кој стојат меѓународни гаранции. Доколку Мизрахи биде разрешена, се наметнува дилемата дека некоја од партиите во случајов ВМРО-ДПМНЕ доколку не и одговара изборниот резултат, да ги оспори парламентарните избори. Односно толкувањето е дека разрешувањето на министерката од техничката влада може да предизвика сериозни политички турболенции и да има импликации врз целиот изборен процес. Особено што сега ни требаат беспрекорно одржани избори, без трошка сомнеж во процедурите и во резултатот.

 

Коронавирус