вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Нема веќе Сојуз на синдикати на Македонија, се ребрендира во „Здружение со иста цел“

Нема веќе Сојуз на синдикати на Македонија, се ребрендира во „Здружение со иста цел“

Сојузот на синдикатите на Македонија се ребрендира во „Здружение со иста цел“ со цел поефикасни и повидливи ангажмани за членството и работниците, информираат од сојузот.

Како што стои во соопштението, новото и ребрендирано делување на ССМ е негова определба и предизвик и за престојниот период во кој ќе насојуваат нивните ангажмани да бидат поефикасни и повидливи за членството и работниците.

-Ги очекуваме нивните иницијативи и насоки затоа што сите ние сме ЗДРУЖЕНИ СО ИСТА ЦЕЛ – остварување, заштита и унапредување на работничките права, стои во соопштението.

Додаваат дека членството е нивната сила, неговата доверба е нивна моќ и мотив за делување.

-Сите ние, заедно здружени во ССМ, сме насочени кон иста цел – обезбедување на достоинство на трудот и работата изразено преку: повисоки, реални и фер плати, намалување на сиромаштијата, социјална сигурност, унапреден социјален дијалог, здрави и безбедни услови за работа, заштита на човековата околина, солидарност и еднаквост без дискриминација по ниеден основ, се наведува во соопштението. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија