недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 91
home Вести

Нема вакцини за пациентите на дијализа, трансплатираните и со ретки болести, ама има за Филипче и Заев 

Нема вакцини за пациентите на дијализа, трансплатираните и со ретки болести, ама има за Филипче и Заев 

Нема вакцини за пациентите со ретки болести, нема вакцини за луѓето кои одат на дијализа, за трансплантираните, за ризичните групи, ама за премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче има.

Во услови кога Македонија нема доволен број вакцини против Ковид 19 и невакцинирани ќе останат повеќе загрозени категории на граѓани, како и разни пациенти, ама затоа државниот врв влезе меѓу првите кои се имунизираа против вирусот. Вчера со кинеската вакцина „Синофарм“  се вакцинираше преимирот, Зоран Заев, а денеска со истата вакцина се вакцинира и министерот Филипче. 

„Се чувствувам добро и ќе ги продолжам работните обврски. Ги повикувам граѓаните да се пријават за вакцинација за да може летово што поголем број лица да бидат имунизирани”, рече Заев вчера по вакцинирањето. 

Со планот за имунизација против коронавирусот, во првите приоритетни и ризични групи не е предвидено да се вакцинираат ризичните групи пациенти како на пример тие со ретки болести, дијализните пациенти кои секојдневно треба да одат по терапија во одделите за дијализа при нефролошките одделенија низ болниците. Исто така, изоставени се и пациентите на кои им е извршена одредена трансплантација на органи и кои, затоа што имаат ослабнат имунитет треба да се заштитат од било каква инфекција или зараза. 

И Лекарска комора неодамна побара овие категории ризични пациенти да бидат меѓу приоритетните групи за вакцинација против корона вирусот. Но, по се изгледа дека за здравствените власти, мислењата на стручните лица и не се многу важни. 

Од друга страна министерот Филипче апелира граѓаните да се пријават на онлајн апликацијата, за да можат што порано да се вакцинираат и со тоа Македонија да стекне колективен имунитет. 

„Апелирам граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk и да се вакцинираат. Со ова темпо на вакцинација и капацитетите кои постојано ќе ги надградуваме имаме можност за релативно брзо време да постигнеме добар колективен имунитет“, вели министерот за здравство, Венко Филипче. 

Иако пред некој ден од министерството за здравство информираа дека веќе ќе почнат да се вакцинираат и граѓаните кои се пријавија преку онлајн апликацијата, и дека пријавените граѓани ќе се викаат на вакцинирање по принципот прв пријавен, голем број на граѓани се жалат дека иако се пријавија уште во првите денови се уште ја немаат повикано да се вакцинира. 

На социјалната мрежа Фејсбук, Венета Јанкова тврди дека иако од 10 февруари била пријавена на сајтот за онлајн аплицирање, од нејзината матична докторка била информирана дека како заинтересирана за вакцинирање била регистрирана на 29 Април. 

Од отворање на страната за пријавување за вакцинација (и последната изјава на министерот дека ќе бидат вакцинирани по ред како се пријавувале) одеднаш од меѓу првопријавениот на 10 ти Февруари, мојата матична лекарка ме информираше дека сум пријавена како заинтересирана на 29 Април (пред 6 дена)!!! Он за моја среќа и познавање на министерските капацитети и интриги одговорот дека сум успешно пријавена го зачував. Дали сум единствена незнам, но оваа брука и непочит кон народот кој цел живот плаќа осигурување, а притоа е дел од повеќе ретки болести да размислува да се вакцинира во соседни држави и повторно да докажеме дека сме регионални просјаци, бидејќи се трудиме да го заштитиме нашето кревко здравје мора да престане веднаш и некој да сноси одговорност!!!“, пишува меѓу другото на Фејсбук Венета Јанкова. 

 

Ова отвара нови дилеми, дали со сајтот за пријавување за вакцинирање се прават манипулации во однос на периодот на пријавувањето на граѓаните во корист на други лица. 

ЕУРО 2020

Македонија