понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 28
home Вести

Нема учебници за стручни предмети, а МОН советува истите да се симнат од интернет

Нема учебници за стручни предмети, а МОН советува истите да се симнат од интернет

Причините за тоа што нема учебници за дел од стручните предмети најчесто се предолгите постапки во процесот на изработка и одобрување на учебници, велат од Министерството за образование, како одговор на прашањето од ТВ21 зошто неколку години наназад има недостиг од учебници по стручни предмети.

Воедно, од ова министерство велат дека сите учебници кои се одобрени за употреба за средно четиригодишно образование се објавени во електронска форма на интернет страницата ucebnici.mon.gov.mk и истите можат да се превземат од сајтот и да се користат.

За предметите за кои веќе постојат наставни програми , се случува на конкурси за изработка на учебници да не се пријави ниту еден автор за одредени струки и образовни профили, од тие причини Педагошката служба е принудена законски да објавува повторен конкурс ( од 1 до 6 месеци).

Доколку на конкурсот повторно не се пријават автори со учебници, Педагошка служба распишува Јавен повик за искажување интерес за формирање на авторски тим за изработка на учебник и истиот доколку се пријават авторите трае 3 месеци а доколку не се пријават остануваме без учебник по одреден предмет, се вели во дописот од МОН.

Коронавирус