понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 146
home Вести

Нема слободни болнички кревети ни за лек, Владата цело лето не сработи ништо

Нема слободни болнички кревети ни за лек, Владата цело лето не сработи ништо

Потребата за отворање на дополнителни болнички капацитети заради справување со есенскиот бран на КОВИД-19 беше и повеќе од очигледна, но Владата го прокоцка летниот период во кој требаше да се направат ваквите подготовки и не презеде никаков чекор во таа насока. Сите експерти предвидуваа комплицирање на здравствената криза во есенските месеци, но Владата се одлучи есенскиот бран да го дочека со постоечките капацитети, а негативните последици од таквата одлука многу брзо настапија.

И покрај тоа што во струмичката болница се пред само една недела се преместуваше хируршкото одделение со цел да се отворат дополнителни капацитети за сместување пациенти заразени со КОВИД-19, болницата повторно се исполни до последно место и нема .

Ситуацијата е иста и во Инфективното одделение во штипската Клиничка болница каде во моментов се хоспитализирани 55 лица.

Дека ситуацијата со болничките капацитети е отежната во повеќе градови потврди и министерот за здравство Венко филипче во неговата изјава во вестите на Канал 5.

– Болниците забрзано се полнат, изјави вечерва Министерот за здравство Венко Филипче. Нема слободни болнички кревети на инфективните одделенија во Куманово, Штип и Струмица, а почна да се полни одделението во Кавадарци и во Гостивар. Од денеска се сместени пациенти во модуларната болница кај инфективната клиника. Филипче рече дека болничките капацитети се еден од главните параметри. Ако се оцени дека овие капацитети кои се треба да бидат резерва, се исполнуваат тогаш дефинитивно ќе препорачаме полициски час, рече Филипче кој уште во јули најавуваше изградба на 16 монтажни болници кои доколку беа изградени состојбата со капацитетите ќе беше многи по релаксирана.

Филипче тогаш изјави дека се спремаат со за лошо сценарио со зголемен број на пациенти кои би ги окупирале постоечките капацитети на болниците и во тој контекст е подготовката на 16-те ковид-центри ко би требало да почнат со работа наесен, но тоа никогаш не се случи а како резултат на тоа на самиот почеток на бранот се соочуваме со преполни болници и не се знае како ќе се менаџира со целата ситуација.

Коронавирус